Тема: ,,Анализа на песна по избор
Напомена: Домашните задачи пишувајте ги читко и јасно. Во секоја домашна задача да се напише наслов на темата и датум .Задачите пракајте ги тој ден кога по распоред имате час.
Задачи за ученикот:
1.Изберете песна по ваш избор и направете целосна анализа на истата:
-Каква е по начинот на изведба?
- Кој ја изведува вокален ансамбл,машки или женски вокал?
-Кој инструменти се застапени во неа ?
-Во кој жанр спага?
-Каква е по содржина и карактер?
-Кога и кој ја има компонирано?
Тема: Музичко изразување и творење
Напомена: Домашните задачи пишувајте ги читко и јасно. Во секоја домашна задача да се напише наслов на темата и датум .Задачите пракајте ги тој ден кога по распоред имате час.
Задачи за ученикот:
1Искомпонирај 4 такта мала реченица во ¾ такт со половина нота со точка со четвртини ноти осмини и шеснаеестини комбинација од сите нотни вредности учени до сега:
  • И да се напише соломизациски секој тон од реченицата:
Тема:,,Преттакт
Напомена: Домашните задачи пишувајте ги читко и јасно. Во секоја домашна задача да се напише наслов на темата и датум .Задачите пракајте ги тој ден кога по распоред.
Дефиниција за Преттакт:Преттакт е такт кој доста често се среќава во музиката и кој е нецелосен ,односно има само едно тактово време, а тоа начесто е последното време од тактот. Се јавува на почетокот од композицијата, а другите тактови времиња се надополнуваат во последниот такт од композицијата. Пример среќаваме во учебникот на 63стр.во песната ,,Летаме“ каде што во првиот такт односо во преттактот имаме две осмини ноти во 4/4такт на 4-то време тоа значи дека недостасуваат уште 3-тактови времиња кој се надополнуваат во последниот 2 волта D.Capo al fine такт од песната со нотна вредност половина со точка.
Задача за ученикот:
1.Најдете од учебникот еден или два примера во кој има примена на преттакт и напишете ги кои се?
Тема: Музика од анимирани и цртани филмови
Напомена: Домашните задачи пишувајте ги читко и јасно. Во секоја домашна задача да се напише наслов на темата и датум .Задачите пракајте ги тој ден кога по распоред имате час.
Задачи за ученикот:
1.Истражете и напишете некои класични дела кои ги среќаваме во анимирани цртани филмови.
- И напишете кој од цртаните ликови ги исполнуваат познатите дела. Пример:Мики Маус,Душко Долгоушко,Том и Џери Пинк Пантер и др.
Тема:,,Ода на радоста“Л.Ван.Бетовен
Напомена: Домашните задачи пишувајте ги читко и јасно. Во секоја домашна задача да се напише наслов на темата и датум .Задачите пракајте ги тој ден кога по распоред имате час.
Задачи за ученикот:
1.Да се истражи и да се напише за животот и творештвото на Германскиот композитор Л.Ван Бетовен,и кои се негови најпознати дела?
2. Кој ја има напишано Ода на радоста и во која година?
3.Како дел од која Бетовенова симфонија е ,,Ода на радоста“?
 -За што се пее во неа?
 - За што ја признаваат во Европа?
4.Анализирајте и слушајте во кое темпо,динамика и каква е по карактер ова песна?
Тема: Интервал терца и кварта
Напомена: Домашните задачи пишувајте ги читко и јасно. Во секоја домашна задача да се напише наслов на темата и датум .Задачите пракајте ги тој ден кога по распоред имате час.
Задачи за ученикот:
-Да се прочита текстот на 14 стр.за интервали и да се научи и напише:Што е интервал?
-Да се напише пример: За прима,секунда и октавa (Интервали)
-Да се прочита текстот на стр.15 за интервал терца и да се напишат тоновите до1 ми1,ре1 фа1,ми1 сол1фа1 ла1,сол1,си1  и да се именуваат тоновите помегу нив.
-Да се напише дефиниција за тоа што е терца ?
2.Задача Да се прочита текстот на стр.16 и во учебниокот да се одреди именува и напише името на четвртиот тон,почнувајки од наведениот тон во даденот пример во вежбата и да се слика и да ми се прати.
3.Задача Да се научи и да се напише што е кварта и колку е нејзиното мелодиско растојание?
Тема: Слушање на народни песни
Напомена: Домашните задачи пишувајте ги читко и јасно. Во секоја домашна задача да се напише наслов на темата и датум .Задачите пракајте ги тој ден кога по распоред имате час.
Задачи за ученикот:
-Да се изберат три песни по избор на ученикот,да се слушаат истите и да се направи нивна обработка;
-Да се истражат трите одбрани песни  според содржината и карактерот (обредни или световни);
-Да се напише во кој такт се напишани ( пр.рамноделен, 2/4, 3/4, нерамноделен, 5/8,7/8,9/8)
-Да се именуваат народните инструменти кои ги препознавате во песните;
-Да се напише од кој дел на Македонија потекнува секоја од нив)
Пример за народни песни: Кажи Рајне, Кој што ме чуе да пејам,Јовано Јованке,На срце ми лежи мила мамо